Кристин Роулс од Фликстон, Англија се јавила во брза помош и им кажала дека паднала и си ја повредила ногата. Набргу пред вратата на 68-годишната пензионерка се појавиле болничари.
Еден од болничарите кој сака да остане анонимен, почнал да ја прегледува старицата и ѝ го мерел притисокот, во тој момент Кристин почнала да го гали болничарот по коленото, кога тој ѝ кажал дека вакво однесување е непристојно и неприфатливо таа му кажала дека само сакала да види дали може да го натера да „скокне“.
Откако болничарот ѝ ја тргнал раката од коленото, пензинерката го фатила за препоните и го прашала: „Колку ти е голем?“ Човекот повторно ѝ ја тргнал раката и му кажал на колегата дека ќе си одат затоа што повеќе не може да го трпи малтретирањето, а и заклучиле дека жената направила лажен повик и сѐ било во ред со нејзината нога.
Кога станал старицата го удрила со рака по градите болничарот и почнала да им кажува погрдни зборови и пцовки. Болничарите заклучиле дека пред да ги повика жената испила одредена количина на алкохол.
Болничарот го пријавил инцидентот и ја дал Кристин на суд и судот пресудил таа да биде запишана во регистарот за се*суални престапници, заедно со педофилите и силувачите, за привремен период, во очекување на понатамошни психијатриски тестови.