Телевизиите со помош на хеликоптери пренесуваат брканици во живо кои се екстремно многу гледани, затоа што се многу непредвидливи. Од друга страна пак тоа е меч со две острици затоа што и криминалците или егзибиционистите сѐ почесто се осмелуваат да почнат полициска брканица, затоа што славата на ТВ им е загарантирана, па макар и да лежат малку затвор за тоа.