Жена која го шетала нејзиниот златен ретривер во градот Дакинг, Кина се онесвестила, а случајните минувачи повикале брза помош. Кучето не сакало да се тргне од неговата сопственичка и болничарите морале да направат искулучот и да му дозволат на миленичето да се качи во амбулантното возило со сопственичката.

Кога пристигнале во болницата на кучето му дозволиле да ја почека девојката пред вратата на собата за пациенти, а кога девојката се освестила првото нешто што го кажала било името на нејзиното куче. Тогаш кучето се втрчало низ вратата во прегратката на девојката.

„Кога видовме како пациентката го прегрнува кучето сфативме дека ја направивме вистинската работа што не ги разделивме.“, изјавила Џанг Џихонг, медицинска сестра во болницата. Пациентката работела како шанкерка и испила премногу алкохол претходната ноќ.

Сподели на Facebook
пати видено