Куп мали моменти ја чинат љубовта. Во врските секојдневното дружење е многу поважно од грандиозните гестови, затоа не заборавајте ги малите нешта.
„Љубовта е нешто со што секој би можел да се поврзе, и љубовта пристига на најразлични начини кои често ги превидуваме во нашиот секојдневен живот. Па така јас се обидувам да го најдам значењето на љубовта во секојдневието и да го преточам тоа во уметност“, вели авторот на овие слики, уметникот со псевдоним Пууунг.
Погледнете ги неговите дела; која од сликите најдобро ја отсликува љубовта според вас?