Понекогаш не се потребни милиони, скапи производи и познати личности за да се направи добра новогодишна реклама, а ова видео е доказ за тоа.
32-годишниот видеограф Фил Бистал ја направил рекламата со буџет од 50 евра, а емотивната приказна која се крие внатре не може да се купи со пари. Рекламата раскажува за љубовта, семејството, болката, спомените и новогодишните празници.
Видеото е насловено „Љубовта е подарок“ и во главна улога е актерот Крис Илстон кој трпеливо го чека Божиќ. Кога ќе дојде самиот ден тој прави нешто неочекувано.
Тој отвара кутија со касети, нешто што очигледно му претставува годишна традиција и ја служа последната Божиќна порака од неговата почината мајка.