Кога имав 16 години, сонував да си имам девојка. На 18, конечно се најдов. Но, немаше никакви чувства. Па решив да барам сентиментална и многу чувствителна девојка. На 21 година си најдов. Таа беше толку чувствителна што плачеше и за најмала работа. Таа плачеше по цел ден, а понекогаш се заканувал и дека ќе изврши самоубиство. Па така решив дека ми треба темпераментна, динамична девојка. Најдов на 26. Таа вриеше од енергија. Започнуваше десет работи во исто време, и без да ги заврши, следниот ден започнуваше нови десет. Отпрвин беше многу интересно, но потоа се чувствував како идиот околу неа. Решив да барам паметна и практична девојка. На 31 ја најдов и се оженив за неа. Таа беше многу паметна и тврдоглава со двете нозе цврсто на земја. Таа беше толку практична што се разведе од мене и ми зеде сè што имав. Сега сум стар и мудар. И си барам девојка со големи гради.