На гости на 70 годишниот Пејо му доаѓа врсникот Иван. Каснале, пивнале, жената на Пејо отишла во кујната да ги мие садовите, а старците од збор на збор стигнале и до спомените за љубовните подвизи.
– Добро бе Пејо, ти со колку жени си бил? – Тивко прашал Иван.
Пејо по кратко размислување исто така тивко му одговорил:
– Со 45…
Жена му се јавила од кујната:
– Човекот те прашува со колку жени си спиел, а не колку пати си спиел со жена!