Жената била со својот љубовник, кога наеднаш мажот порано се вратил од работа. Таа брзо го напикала љубовникот во фрижидерот.
Мажот влегува во кујната, го отвора фрижидерот и…
– Кој си ти?
– Васил.
– Што правиш тука?
– Јадам чајна.
Следниот ден мажот оди на работа и им расправа на колегите за случката со крадецот на чајна во фрижидерот.
Сите му рекле:
– А бе ти си голем идиот. Тоа бил љубовникот на жена ти.
Мажот се изнервирал и пак се вратил порано дома. Отишол веднаш во кујната, го отворил фрижидерот, а внатре стои друг маж.
– Кој си ти?
– Па… Иван.
– Слушај ваму Иване, кажи му на Васил дека ако го видам уште еднаш ќе го искршам од ќотек!