Млади Виетнамци сериозно се повредиле за време на нивниот прв секс – момчето употребило пластична кеса место кондом. Бидејќи премногу се срамел да купи кондом, си ставил некаква кеса и поради тоа завршиле во болница во градот Ханој со сериозни изгребаници.

kesa

„Бидејќи кесата била груба и ја немала таа еластичност и лубрикација, толку си ги изгребале гениталиите што дури почнале и да крварат“, пишува во локален весник. „Вљубените биле детално прегледани и им биле препишани антибиотици и дезинфекција за нивните повреди.“

vn01

Докторите за весникот изјавиле дека не препорачуваат употреба на кеси место кондоми, бидејќи тие „едноставно не се наменети за тоа“. Подебелите кеси можат да предизвикаат сериозни повреди, додека тенките едноставно многу лесно се кинат. Според статистиките, само третина од младите во Виетнам употребуваат кондоми, бидејќи премногу се срамат да купат.

Сподели на Facebook
пати видено