Фотографот и спортист Џеј Алварез и неговата девојка манекенка Алексис Рене живеат неверојатен, волшебен живот и со овие фотографии го докажуваат тоа. Оваа згодна двојка патува по егзотични локации околу светот и се сликаат како го живеат својот живот до максимум.
Лесно е да ве зафати завист кон оваа млада и прекрасна двојка уживајќи живот во кој парите очигледно не се проблем, но тоа не е поентата. Фотографиите и видеата треба да нѐ инспирираат да го искористиме тоа што го имаме на најдобар начин додека сѐ уште можеме. Парите секако помагаат, но дури и без нив, љубовта и авантуристичкиот дух никогаш не треба да бидат потиснати.