Дали ова се најглупавите криминалци на сите времиња? Сосема веројатно.
Оваа љубовна двојка од Охајо, САД, била уапсена минатата недела откако наводно ограбиле банка. И биле фатени откако сликале селфи со купчињата пари и ги објавиле на Фејсбук.
Се верува дека 28-годишниот Џон Моган, осуденик кој самошто бил пуштен од затвор, е тој кој ги побарал парите од службеникот.
Неговата девојка, 24-годишната Ешли Дубо, е обвинета за соучесништво. Му помогнала да ги скрие тетоважите со шминка.
Откако сликите се нашле на Фејсбук, полицијата ги лоцирала и ги уапсила. Тие не се некои Бони и Клајд.