Млад жител на рускиот град Химки ја видел девојката само еднаш во животот, во кафе-ресторан во неговиот град и лудо се заљубил. Успеал да ги измоли вработените во ресторанот да му ја дадат снимката од безбедносната камера. Од снимката успеал да извади три фотографии на кои се гледа девојката и започна потрага и по градот и по социјалните мрежи.
Гестот на Ромео, чие вистинско име е Василиј, воодушеви голем број луѓе и неговата потрага се рашири по интернет. Ќе следиме да видиме дали ќе ја најде.