Напуштените места отсекогаш предизвикувале определен вид страв. Оваа напуштена вила која ја истражиле Џош, познатиот Јутјуб „истражувач“, и неговите пријатели предизвикува особен вид на страв бидејќи некогаш припаѓала на дилери. Ја напуштиле поради пожар кој го зафатил делот на куќата каде се одгледувала марихуана. Соседите раскажуваат дека мирисот на изгорена „трева“ се чувствувал на километри.
Џош и неговите пријатели не ни можеле да замислат што сѐ ќе видат со влегувањето во оваа авантура. Животот во оваа вила како да исчезнал во еден единствен миг, наеднаш. По куќата сѐ уште стојат расфрлани детски играчки, во кујната има садови, исушено цвеќе по вазите…А во една од просториите нашле и нешто многу необично: огромна школка – џакузи. Секако, ја пронашле во делот каде што се одгледува марихуана. Погледнете и вие!