Цезар Арнолдо Гомез, 50 годишен разведен маж од Пуерто Пензако, Мексико, со денови копал тунел под куќата на неговата бивша сопруга, за да може да ја шпиунира и да види дали таа си нашла некој друг. Уште додека го копал тунелот судот му изрекол забрана за приближување до поранешната жена, 58-годишната Гризелда Сантилан.
Жената ја раскажа случката за еден локален весник:
„Го забележав тунелот и го замолив соседот да го разгледа, а тој ми кажа дека нема ништо внатре. Но, кога погледнав јас, забележав стапалки, алати и вода. Викнав да видам дали има некој внатре, но ништо не се случи“.
Според Гризелда, двајцата биле во врска 14 години, но одлучила да ја прекине и да побара од судот да му биде забрането да ѝ се приближува, бидејќи бил претерано љубоморен.
Авантурата на љубоморниот Мексиканец заврши лошо за него, бидејќи тој поминал заглавен во тунелот цели 24 часа, а потоа пожарникарите морале да го спасуваат.