„Љубител на животни“ кој тврдел дека се грижи за мачките скитници бил фатен како ги коле мачките пред да ги продаде на локални ресторани, известуваат кинеските медиуми. Се појавија вознемирувачки слики од неговиот мал склад во Ченгду, Југоисточна Кина, на кои се гледаат десетици обезглавени и замрзнати мачки. Тајна истрага спроведена од локални новинари открила дека човекот, кој се вика Хуанг Фупинг, ги продавал мртвите мачки како зајачко месо на месарниците во рурална Кина по цена до 5 евра по килограм.

Кога бил откриен случајот, локалната организација за права на животните издејствувала да се затвори незаконската кланица на Хуанг. Според активистите, Хуанг успеал да продаде 13 тони месо од мачки. „Ова сериозно ја става под сомнение безбедноста на храната во Кина“, велат властите. Сепак, сѐ уште не е познато дали против него ќе биде покренато обвинеие.

mc01 mc02 mc03 mc04 mc05 mc06 mc07

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено