Водачот на ИД, Абу Бакр ал-Багдади наводно е сериозно болен откако неговата храна била затруена од атентатор. Оброците за водачот на ИД и три други заповеднци на терористичката организација наводно биле затруени во областа Бееаџ, во близината на Нинива. Четворицата страдале од симптоми на тешко труење и биле префрлени на непозната локација под строг надзор. Терористичката група наводно покренала кампања со апсења за да ги откријат виновниците.
На Багдади му се припишува за претворањето на фракција на Ал Каеда во независната група ИД која во моментот е најмоќната и најбогатата џихадистичка организација во светот. Под негово водство групата ја засилила милитантната офанзива која во 2013 година се прошири во Сирија и која ги прегази најсилните упоришта на сунитските Арапи во Ирак.