Родителството е тешко. Секако, родителите секогаш ќе расправаат дека вреди, дека има забавни моменти, но не значи дека магично престанува да претставува огромна одговорност. Порано или подоцна, на секој родител ќе му треба одмор од немилосрдните пелени кои треба да се менуваат, заспивање на деца кои не сакаат да спијат и бесконечни „зошто“ кога ќе дојде време за тоа.
Што е токму она што Ли Ми-До, јужнокорејска актерка и мајка, го стори со објавување на комични фотографии на Инстаграм од мајчинските паузи под хаштагот „Личен живот на мама“.
Ли Ми-До е јужнокорејска актерка која глумела во бројни филмови и серии во текот на 15 години. Ли станала мајка пред нешто повеќе од една година со раѓањето на нејзиниот син Николас.
„Бевме на одмор во Бангкок. Јас пливав во базен, а бебето Николас си пловеше во гумата. Мојот сопруг фотографираше и ме замоли да направам некоја секси поза. Мислеше дека ќе биде смешно да има слики од Николас и мене како си правам работи во мој фазон.“, вели Ли. Така и започнал „Личен живот на мама“, многу луѓе позитивно реагирале на фотографиите и се пронашле во нив.
Таа постојано продолжува да објавува фотографии во кои Николас е во преден план, а таа во позадина го искористува своето „слободно време“. Кој вели дека родителството не може да биде забавно?