Две лезбејки од Масачусетс, САД, ограбиле калуѓерка заканувајќи ѝ се со нож, по што избегале со нејзините бројаници. Полицијата од Квинси вели дека сестра од манастирот Ќерките на Марија од Назарет била во цивилна облека во недела попладне кога Ванеса Јанг, држејќи нож ѝ пристапила обидувајќи се да ѝ ја одземе торбичката.

Nun Robbed Nun Robbed

„Нема да те повредам“, ѝ кажала 26-годишната Ванеса, додека се бореле за торбичката. Полицијата вели дека калуѓерката ја отворила торбичката да ѝ покаже дека нема пари, туку само бројаница, клуч и ситни лични работи.

lb03 lb04

„Па тогаш, ќе ја земам бројаницата“, кажала Ванеса, како што изјавува полицијата. Калуѓерката забележала друга жена како чува стража. Подоцна таа била идентификувана како 26-годишната сопруга на Ванеса, Кристал Јанг.

lb05

Полицајците подоцна им влегле во трагата и ги нашле во блиска улица. Ги пребарале жените и нашле мал патент нож, шест мобилни телефони и бележник кој припаѓал на жртва од претходниот грабеж. Три од мобилните телефони подоцна биле идентификувани како сопственост на жители од куќа која била разбиена малку порано тој ден. Бројаниците не биле најдени.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено