Марија Дронова имала сериозна гангрена на десната нога, но медицинските лица во рускиот град Воронеж, наместо десната ѝ ја ампутирале левата нога до колкот. Откако ја сфатиле грешката тие ја апутирале и десната нога на 89-годишната старица, а потоа измислиле приказна за да ја покријат својата грешка.
Нејзиниот син Андреј Дронов инсистира на тоа дека медицинските документи потврдуваат дека гангрена била во десната нога, на неговата мајка, која го преживеала нацистичкиот концентрационен логор. Тој исто така тврди дека лекарите му ја признале грешката веднаш по операцијата.
„Како резултат на тоа, мајка ми остана без двете нозе. Фала му на Бога, таа повторно се освести по ова тешко искушение. Не знам што ќе се случи следно. Но, имам намера да ги натерам оние што се одговорни за сечење на здравата нога да се соочат со казна за тоа.“, вели Андреј.
Во Втората светска војна, Марија била заробена од Германците и однесена во концентрационен логор. Таа била ослободена во 1945 година на возраст од 16 години. Потоа станала почесна професорка по математика.
Нејзиниот син вели дека штом дознал за грешката медицинските документи на Марија „исчезнале“ и додека тој да пријави во полиција и тие да дојдат во болницата медицинските лица смислиле лажна изјава и тврделе дека откриле дека Марија имала гангрена и на двете нозе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!