Додека 16-годишно девојче се шетало во етнопарк во Сочи, му се слошило. Посетителите и вработените во паркот не можеле да сфатат како да му помогнат на девојчето, а брзата помош доцнела.
Помошта дошла од далечната Бурјатија, преку видео повик. Од другата страна на видеото бил познат лекар од Бурјатија, Валериј Амагиров.
„На девојчето одеднаш му се слоши. Мислев дека тоа е само од топлината. Сепак на девојчето му стана уште полошо, а амбулантното возило сѐ уште не беше пристигнато. На крај, му се јавив на Валериј Павлович Амагиров во Бурјатија. И тој преку видео повик ни даде инструкции што да правиме. Благодарение на неговите професионални активности беше спасен човечки живот.“, вели Сајана Ванчикова, чувар во паркот.
Во текот на разговорот станало јасно дека девојчето има проблеми со срцето. Дури еден час подоцна пристигнале лекарите и ја хоспитализирале.
„Вчера во Сочи беше жешко, на неа ѝ се слошило и се онесвестила, притисокот ѝ се намалил имаше голема тахикардија (брзо отчукување на срцето).“, вели херојот на денот Др- Валериј. Исусниот лекар исто така вели дека бил многу изненаден што му се јавиле за да ѝ помогне на младата туристка.
Валериј исто така објаснува што треба да се направи во слични ситуации: „Неопходно е да ѝ се кренат нозете на личноста. до носот да им се принесе амонијак, да се трие со крпа, шамиче, било какви средства во рака. И неопходно е да прават вежби за дишење според алгоритам, земање длабок здив, задржување, па испуштање.“