Еден човек отишол на одмор на море. Легнал на плажа и му станало толку пријатно од ветрето, топлите зраци на сонцето и звукот од брановите и така заспал под чадорот.
Кога се разбудил, осетил ужасна болка – сенката била поместена, целата кожа на нозете му била изгорена. Го качиле во брза помош и директно го однеле во најблиската болница. Докторот го погледнал, видел колку е критична неговата состојба, помислил малку и му препишал: Маст за изгореници, куп други лекови и на последно место Виагра.
Медицинската сестра не издржала а да не праша:
– Докторе, за лековите јасно, ама зошто му е таа Виагра… тој не е во состојба да се движи, а камоли да има секс.
Докторот ја погледнал под око и ѝ одговорил:
– Како зошто му е Виагра? За чаршафот да не му ја допира кожата на нозете!

Сподели на Facebook
пати видено