Еден маж го заболел заб и неговиот колега го посоветувал да си повторува „Не ме боли, не ме боли.“
– Да не ти се верува другар, ама финтата работи!
Му оздравел забот и вечерта дома, по вечерата ја „посетил“ жена си еднаш, втор пат, а се спремал и за трет. Жената била многу изненадена, задоволна, но и се зачудила зошто после секоја рунда сопругот излегува на балконот. Ѕирнала тајно и го слушнала мажот како си зборува:
– Не е мојата, не е мојата, не е мојата!