Идејата за глобално освојување и целосна доминација е постои уште од античко време и секако, ги произвела некои од најжестоките воини кои чекореле по Земјата. Од Александар Македонски, до Јулиј Цезар и Џингис Хан, античката историја е богата со исклучителни лидери, храбри воини и брилијантни тактичари, но може да се каже со сигурност дека ниту еден од нив не уживал репутација како Атила Хунски. Познат како Flagellum Dei, или во превод „Бич Божји“. Атила Хунски бил владетел на Хуните и се сметал од страна на многу за најголем непријател на Западната и Источната Римска империја.

Иако поминале 1.500 години од неговата смрт неговата озлогласеност преживеала и неговото име продолжува да биде тесно поврзано со бруталноста. Наводно тој изјавил: „Таму каде што сум поминал, тревата никогаш нема да порасне.“ Исто како и многу детали од неговата биографија, смртта на Атила е обвиткана во мистерија. Некој би претпоставил дека воин од неговиот калибар би умрел на бојното поле, борејќи се со Римјаните, но според сите извештаи, оваа претпоставка се чини дека е неточна.

Постојат најмалку три различни верзии за тоа како Атила починал, а најпопуларната е дека починал од крварење на носот на првата брачна ноќ. Другите верзии вклучуваат заговор, според кој Атила бил убиен од неговата нова сопруга во соработка со византискиот император Маркијан, а последната верзија вклучува труење со алкохол.

Иако има многу работи кои не се совпаѓаат, едно е сигурно- Атила Бич Божји починал на неговата прва брачна ноќ. Се вели дека Атила бил пронајден мртов утрото откако го прославил својот шести брак. Според извештајот на неговиот современик, римскиот историчар Прискус, Атила, кој во тоа време имал 47 години, бил пронајден мртов од неговите блиски соработници, во кревет, покрај неговата жена Илдико. Тој наводно починал од природни причини, откако се загушил од сопствената крв по големата веселба.

Според легендата бил погребан во три ковчези : златен, сребрен и железен. После неговата смрт хунската држава се распаднала. Во текот на ноќта, телото било запалено по старата хунска традиција а потоа ставено во ковчег, заедно со голема количина богатства и спуштено во реката Тиса. Реката го однела телото на Атила во непознати далечина.

Хунското Царство по смрта на Атила брзо се распаднало. Веќе во 454 година, Остроготите и другите германски племиња се побуниле против Хуните, а синовите на Атила скарани помеѓу себе не можеле да ја поминат кризата.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено