Јапонците решиле нивните мали бонсаи дрвца да не бидат само симпатични, туку и волшебни, па така направиле да можат да лебдат во воздухот како магија.
Дизајнерите од тимот Хошинчу своето дело го нарекле „Воздушно бонсаи“. Тоа се состои од долна половина наречена „енергетска основа“ и лебдечка топка наречена „мала ѕвезда“. И двете половини имаат поставено магнети во нив, и на тој начин малата ѕвезда лебди заедно со бонсаи дрвцето над неа.
Основата е изработена од традиционален јапонски порцелан, а бонсаито може да се замени со било какво друго растение, доколку би посакале такво нешто. Навистина убав и необичен украс за домот.