Скромната лебарка може да гризе со сила 50 пати поголема од сопствената телесна тежина. Ако самото здогледување на овие шестноги суштества како ползат во вашата кујна е доволно да имате ноќни мори, бидете благодарни што не сте жртва на нивното моќно гризење. Според истражувачи од универзитетот Кембрич, обичната лебарка е способна за „турбо-полнење“ на своите челусти кога се обидува да пробие тврди материјали.
„Ова наше проучување е првото во кое се мери силината на загризувањето кај обични инсекти, каков што е американската лебарка, и откривме дека таа може да произведе сила педесет пати поголема од нејзината сопствена телесна тежина“, вели предводникот на истражувањето, д-р Том Вајхман.
Релативно кажано, тоа знао дека можат да гризат со сила петпати поголема од таа на човечко суштество.
„Со оглед на тоа што инсектите играат доминантна улога во многу екосистеми, дознавањето на количеството сила којашто овие инсекти можат да ја употребат преку своите челусти е основен чекор во подоброто разбирање на еколошките процеси и овозможувањето на био-инженерингот“, заклучува д-р Вајхман.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!