Новинарска екипа во Јапонија беше фатена додека преувеличуваше извештај за снежни врнежи откако еден локален жител ги објави вистинските фотографии на социјалните мрежи.
Јавниот радиотелевизиски сервис NHK објави дека има „снег до половината“ во градот Сукају, кој на 9 декември беше покриен со снег.
Репортерот вели: „Како што можете да видите, толку многу снег се натрупа што достигна висина до мојата половина“. Но, жител на градот ја забележал екипата како се обидува да се „намести“ и решил да ги фотографира „зад сцената“ и да ги објави на Твитер.
Подоцна друга телевизија направила прилог за вистинската висина на снегот и посочиле дека снегот достигнува до половината со само во дел кој што е надвор од градот.