Ти сакаш да имаш повеќе успех во животот. Секој го сака тоа. И јас сакам. Но, луѓето не разбираат дека успехот не значи да имаш повеќе од сѐ. Знам, дека ова може да ти прозвучи шокантно или да те разочара, но така стојат нештата. Ти веќе го имаш тоа кое ти е неопходно за да успееш. Успехот доаѓа кога се откажеш од нешто што веќе го имаш.

pouki

Проблемот е во тоа што животот ти е затрупан со многу ѓубре, кое ти пречи да го реализираш својот потенцијал и да постигнеш успех. Треба да се оттргнеш од нив. Успехот е процес на елиминација. Треба да се откажеш од однесувањето кое не ти носи успех, за да ослободиш место за квалитетното и продуктивно однесување. За да го направиш тоа, треба да ги идентификуваш нештата кои ти пречат на патот. Претходно велев дека има само три причини зошто луѓето не успеаваат.

Луѓето се глупави.
Луѓето се мрзливи.
На луѓето не им е грижа.

Со тек на времето го сменив своето мислење по однос на ова прашање. Имав неколку години во текот на кои имав прилика да се судрам со човечката глупост и анализирав зошто луѓето не ги постигнуваат своите цели, зошто се разорени, несреќни, неуспешни и многу други не-нешта. Освен тоа, комуницирав доста со луѓе кои не успеале во секакви области и се наслушав на секакви мрчења и оправдувања. По сериозно размилување за нивната положба и нивниот неуспех, го раширив својот основен список од три точки на десет.

10 причини поради кои луѓето сами се зафркнуваат

Луѓето се незнајковци
Луѓето се глупави
Луѓето се мрзливи
На луѓето не им е грижа
Луѓето си вообразуваат
Луѓето имаат ниски очекувања
Луѓето не ги осознаваат последиците од своите дејствија
Луѓето имаат лоши навики
Луѓето следат лоши примери
Луѓето немаат планови
Луѓето се незнајковци

А сега да поразговараме за незнаењето. Незнаењето е единствената од десетте причини поради која луѓето сами се саботираат, која донекаде може и да се прости. Тоа е единственото нешто за кое не си целосно одговорен. По мојата дефиниција незнаењето значи дека не знаеш како да направиш нешто, да бидеш нешто или да имаш нешто. Ти си незнајко. Можеби си необразован или просто не знаеш кои се најдобрите варијанти. Да кажеш на некого дека поим нема во повеќето случаи се сфаќа како навреда.

Но, според мојата дефиниција тоа и не мора да биде така. Сите се раѓаме незнајковци. Не сме виновни за тоа. Немаме никаква информација. Ние сме како некаква табла на која допрва треба да се испишат првични информации, за да започнеме информирани да донесуваме одлуки. На почетокот одлуките се едноставни. Ми се спие. Гладен сум.

Откако ќе добиеме информација како да си ги задоволуваме основните потреби – како бебиња – преоѓаме на ново ниво. Од спиењето и гладот се префрлуваме кон одењето и зборувањето. Потоа пораснуваме уште малку и незнаењето ни се префрла во други области. Некогаш не сме знаеле како да собираме и одземаме. Не сме ја знаеле наизуст ниту азбуката. После тоа сме го научиле и животот се променил. Но извесно време сме биле незнајковци за тие нешта. Со текот на времето нештата кои не сме ги знаеле се менувале. Не сме знаеле некакви конкретни историски факти, не сме биле запознати со бизнис финтите, не сме можеле да употребуваме компјутер.

Со добивњето повеќе информации нашата табла се полнела и незнаењето се намалувало, сме започнале да донесуваме посериозни и поважни одлуки затоа што сме имале повеќе знаења. Имаше времиња кога не знаев каква полза има од патувањата, не знаев како се употребуваат различните вилушки. Не знаев да играм голф, не знаев ништо за различните вина. Имаше толку многу нешта кои не ги знаев. И секојпат кога ќе научев нешто, ми се менуваше животот. И сѐ уште има работи кои не ги знам, но работам на тоа прашање.

Но, незнаењето не е оправдување. Разбуди се. Доаѓаат времиња кога незнаењето не може да ти биде оправдување. Секој човек треба да се труди да се оттргне од незнаењето и да стапи здраво на двете нозе. Направи си список наречен: „Нештата кои не ги знам“ и започни да учиш. Нема заобиколен пат. Едноставно нема.

Сподели на Facebook
пати видено