Ако имате повеќе пари отколку разум треба да знаете дека можете да си го купите Samsung NC10-14GB 10.2-Inch Blue Netbook, кој ги содржи некои од најопасните закани некогаш создадени.
Како што е соопштено од PC Gamer, лаптопот за кој станува збор е изолиран за да се спречи ширењето на малициозниот софтвер и содржи шест особено непријатни вируси, тројанци и други страшни работи кои очигледно предизвикале колективна штета од 95 милијарди долари во текот на годините.
Иако на некои луѓе не им е јасно зошто едноставно лаптопот не го стават во куфер и да го фрлат на дното на морето, сепак има заинтеренсирани купувачи на аукцијата. Секој опасен вирус во него си има своја приказна.
Првин, таму е ILOVEYOU, кој првпат се појави во 2000 година и се прошири на масите со испраќање на е-пошта до сите во контакт листата со прилогот “LOVE-LETTER-FOR-YOU.txt.vbs”. Отворањето на прилогот ќе резултира со препишување на случајни датотеки на вашиот компјутер.
Во 2003 година, Sobig се појави како црв и тројанец кој почна да ги инфицира компјутерите во август преку е-пошта, пред да се декативира еден месец подоцна. Останува вториот најбрз црв што се проширил, а лицето (или луѓето) зад него никогаш не биле фатени.
Една година подоцна, Mydoom се појави на местото на настанот во 2004 година и го победи Sobig како црв кој најбрзо се проширил преку е-пошта.
BlackEnergy за првпат беше откриен во 2007 година. Тој започна да генерира ботови за извршување на DDoS напади преку е-мејл спам, пред да се развие во помоќна форма на малициозен софтвер што предизвика огромно затемнување во Украина во декември 2015 година.
2013 беше прв пат DarkTequila да се појави и да се користи за кражба на лични и коресподентски податоци, вклучувајќи и банкарски ингеренции, главно во Латинска Америка.
И го имаме WannaCry, кој во мај 2017 година спроведе глобален напад кој зафати повеќе од 200.000 компјутери во 150 земји. Одговорните луѓе бараа откуп во Биткоин.
Се разбира, нелегално е во САД да се продава малициозен софтвер за оперативни цели, но лаптопот се продава како уметничка соработка помеѓу изведувачот Гуо О Донг и сајбер-безбедносната фирма Deep Instinct. Делото се нарекува „Перзистенција на хаосот“, а Deep Threat, од своја страна, смета дека лаптопот е невозможно да се отклучи, па затоа не може да се ослободи штетниот софтвер. Што значи оној кој што ќе го купи ќе го користи за „украс“.