Внукот многу се израдувал кога влегол во запуштената гаража на својата баба и го пронашол ова богатство, целото прекриено со прашина. Автомобилот му припаѓал на полубратот на бабата, го купил во 1970 година, а скриен во гаражата стоел цели 28 години.
Бидејќи првиот сопственик немал деца, ниту трошоци во животот, а имал добра работа, си дозволил да си купи ваков скап автомобил. Сакал да си купи Ферари, но неговиот шев прв купил Ферари, па овој се решил за нешто уште помоќно. Сопственикот го возел автомобилот до 88 година кога починала неговата мајка, му се случиле и други непријатни работи во животот и изгубил интерес за суперавтомобилот. Од тогаш Ламборџинито стоело во гаражата, чекајќи некој ваков мераклија кој повторно ќе го оживее.