Лабрадорот Бени бил посвоен од поранешен тренер за уметничко лизгање, Шерил Дел Сангро. Таа го спасила кучето еден ден пред да му извршат евтаназија во шинтерница, кога имало само неколку месеци, а пред една година откако случајно го однела 5-годишниот Бени на терен за хокеј, сфатила дека кучето сака да се забавува на ледот.
Сега Шерил често го носи Бени на теренот и го опремила со потребните реквизити за да може да биде вистински хокеј играч. Шерил има уште три кучиња кои исто така се тренирани да прават трикови, но таа забележала дека Бени има исклучителен талент, кој не го забележала кај другите.
Моментално Шерил и Бени кои живеат во Лас Вегас, редовно вежбаат, а кучето нема никаков проблем да носи лизгалки на предните нозе. Нивниот нареден чекор е Бени да биде воведната точка на некој од натпреварите на професионалниот хокеј тим на Лас Вегас „Златни Витези“.