Високо на Андите во Перу се наоѓа еден стар рударски камп, кој со текот на годините се претворил во град со над 30.000 жители.
Овој планински град се наоѓа на 5.100 надморска височина и важи за највисоко населено место во светот од страна на човекот.
Поради висината временските услови во Ла Ринконада наликуваат на оние во Гренланд, иако се наоѓа на само 14 степени од екваторот. Летата таму се влажни а зимите суви. Во текот на денот е ладно, а во вечерните часови температурите секогаш се под нулата. Просечната годишна температура во Ла Ринконада е 1,2 степени Целзиусови.
На изглед Ла Ринконада повеќе личи на село отколку на град. Нема патишта, водовод и нема систем за канализација. Куќите се направени од лим без изолација. Сите мажи работат во рудниците, а жените продаваат стоки, бараат злато или пак се проституираат. Рударите го вадат златото со помош на жива, втората најзастапена супстанца по златото која што може да се најде во оваа место. Земјата, воздухот, водата и снегот во Ла Ринконада се загадени. ако Ла Ринконада е град, тогаш ова е најсиромашниот и најтажниот град во светот.
За разлика од останатите рударски градови, Ла Ринконада не е во сопственост на ниту една компанија. Скоро сите рудници тука се нелегални. Тука нема администрација и не постојат закони. Ништо не оди за развој на градот. Економијата е нерегулирана и поголемиот дел од златото, кое доаѓа од планината оди директно на црниот пазар.
Еден од рудниците е во сопственост на компанија наречена Корпорација Ананеа и тие не им даваат плата на своите работници, туку користат систем на труд наречен „чашорео“. Според овој систем работниците работат 30 дена без плата, а на 31от ден можат да изнесат од рудникот руда колку што можат да носат на нивните рамена. Не може точно да се каже колку злато има една карпа и колку тие ќе заработат од тоа. Сепак илјадници луѓе работат во овој рудник.