Кучето Тони било многу лошо повредено и за малку не умрело по една несреќа кога го удрил воз. За среќа, организацијата за спасување на живтони Animal Aid Unlimited го нашла пред да биде предоцна.
Кутриот Тони тешко се движи, дури и после две операции и седмици на закрепнување. Ќе стане само кога ќе дојде време нешто да се касне. Еден ден, неговите спасувачи решиле да го запознаат со неколку слатки кутриња коишто исто така претпреле некаков вид на несреќа, сакајќи да видат дали кутрињата ќе му помогнат на Тони и душевно да закрепне. Како изгледа тоа, можете да видите и самите, и да се уверите дека животните не се „нешта“ и пропратен украс во нашите животи, туку и тие се дела на мајката природа исто како и ние, со свои чувства.