– Тато, сакам да живеам вечно. Што да правам?
– Ожени се сине.
– И ќе живеам ли вечно?
– Не, но желбата ќе ти помине.
– – – – – – –
– Комшо, да не ти е болно кучето? Веќе 3 дена вие…
– Не е кучето, жена ми е… Сака да ја носам на море…
– – – – – – –
Конгрес на лингвисти.
Англичанецот вели:
– За разлика од двојната негација, што значи потврда, двојната потврда не значи негирање.
Македонските колеги:
– Да, да!
– – – – – – –
– Докторе, моето дете проголта 1 денар?!?!
– Госпоѓо, пратениците голтаат милиони па ништо не им е…
– – – – – – –
– Драги, ако паднам од мостот, ќе скокнеш ли да ме спасиш?
– Ако одговорам „ДА“, ќе паднеш ли?
– – – – – – –
Баба Ванѓа го тепа својот мачор:
– Тука ли ќе мочаш утре бе, тука ли!?
– – – – – – –
– Докторе, по разводот од мојата сопруга, нагло се здебелив. Што ќе ме советувате?
– Престани да славиш!
– – – – – – –
Постојат три типа на луѓе:
– Се тушираат вечер
– Се тушираат наутро
– И оние кои седнуваат до мене во автобус!
– – – – – – –
Мажот ѝ вели на својата сопруга:
– Добро утро!
– Не брзај со заклучоците!
– – – – – – –
Жената врескајќи му се обраќа на мажот:
– Ти никогаш не ме слушаш кога зборувам!!!
– Кој?
– Ти.
– Што јас?
– – – – – – –
Тој ти таа лежат во креветот. Таа погледнува низ прозорецот…
– Еве… и сонцето се крева…
– Ајде, без сарказам, те молам!
– – – – – – –
– Не ли мислиш дека е време да преминеме на посериозна врска. Уморен сум од оваа неизвесност, не можам повеќе да чекам.
– Но јас само ти лајкнав една слика!
– – – – – – –
Лежам на каучот, пијам пиво, гледам фудбал! И одеднаш телефонот ѕвони:
– Дали го зема детето од градинка? Дали купи се што требаше? Утре доаѓа мама, зарем веќе заборави? Зошто молчиш, Стефан?
А јас не сум Стефан… И ми стана едно лесно на душата…
– – – – – – –
– Госпоѓице, можам да ве научам на уметноста на љубовта.
– А колку сте спремни да потрошите на моето образование?
– – – – – – –
– Изберете ми едно убаво пенкало и ставете розова машна на него – со мојата сопруга имаме годишнина.
– Господинот сака да направи мало изненадување?
– Не, господинот сака да направи големо изненадување – таа очекува нов автомобил!
– – – – – – –
Го прашувам другар ми евреин:
– Моше, зошто порано чуваше многу различни цвеќиња, а сега гледам само кактуси?
– Ни ставија водомер.
– – – – – – –
Песимист е жена која мисли дека паркинг местото е мало. Оптимист е маж кој мисли дека таа нема да се обиде да паркира.
– – – – – – –
Две госпоѓи се возат во преполн градски автобус. Едната се навалува кон другата и шепоти:
– Каков е овој зад мене?
– Млад дечко.
– Дека е млад осеќам, но дали е убав?