Иронија:
– Кога на средината на месецот сфаќаш дека твоето дете во касичката има повеќе пари од тебе…
– – – – – – –
Ако дождот можеше да ни ги измие болките, ветрот да ги отфрли сите наши сомнежи, а сонцето да ги загрее нашите души, воопшто немаше да треба да се мачиме со таа ракија.
– – – – – – –
Во кино жена му вели на човекот кој седи до неа:
– Веднаш тргнете ја раката од моето колено! Ќе бројам до илјада!
– – – – – – –
– Огледалце, огледалце мое, кажи ми најубава жена на светот која е?
– Добро мори, можно ли е да си толку смотана. Секако дека е Мис Свет…
– – – – – – –
Престана интернетот за десет минути, видов дека е есен. Разгледав собата – сменет е паркетот, видов се со нашите за малку, сфатив дека имам брат.
– – – – – – –
– Здраво! Имате ли картичка, на која пишува „За единствената жена во мојот живот“?
– Да!
– Добро! Дајте ми три…
– – – – – – –
Жена оди на забар, но се задржува повеќе од предвиденото. Загрижен мажот упорно и ѕвони на телефон, но таа не може да се јави, бидејќи има тампони во устата. На забарот му досадува упорното ѕвонење, го зема телефонот и му вели на мажот:
– Еве сега свршувам, плука и си оди!
– – – – – – –
Мажот ја прашува жена си:
– Сакаш ли да играме „каубојци и индијанци“?
– О-о сакаммм! – Кокетно вели таа…
– Трчај тогаш по „огнена вода“ од самопослуга…
– – – – – – –
Пијан маж јаде супа. Колку и да бил пијан, ги ококорвува очите и зачудено ја вика жена си:
– Жено, дојди да видиш – лимончето има крилја!
– Мажу, пак ли си го гмечел канаринчето?
– – – – – – –
Жената му ѕвони на мажот:
– Сонце, скокнав кај тебе на работа и го јакната ти зедов 100 евра.
– Одлично си направила, душо. Јас веќе три месеци не работам таму.
– – – – – – –
Пијан маж се враќа дома, седнува на масата и вика гласно:
– Кој командува во оваа куќа?
Жена му излегува од собата со сукалото во раката.
Мажот:
– Ама мила, јас само прашав.
– – – – – – –
Мажот се враќа дома и насмеан и раскажува на жената интересна случка:
– Пред влезот го слушнав домарот како се фали дека ги има поминато сите жени во блокот освен една…
– А, ја знам онаа смотаната од вториот влез.
– – – – – – –
Влегуваат две студентки во такси. Возачот:
– Девојки, вие да не студирате на Електро?
– Еее, ти па мислиш многу си убав.
– – – – – – –