Во продавница:
– Што сака дамата?
– Сака шише црвено вино, добар маж, чоколадна торта, убава книга, редовен се*с… Инаку по леб дојдов.
– – – – – – –
Зошто принцот не се сеќава како изгледала Пепелашка, па морал да ја бара со чевелот?
а) Имал Алцхајмер.
б) Била нашминкана.
в) Цела вечер ја зјапал само во ци*ките.
– – – – – – –
Си излегувам најнормално од дискотеката и некој ме згазнува на раката!
– – – – – – –
Нема потреба да се воведува трет пол. Ако може да молчи повеќе од 15 минути е маж, инаку е жена…
– – – – – – –
Реклама за македонски пошти.
– Испраќаш пресна ракија! Ти пристигнува отстојана!
– – – – – – –
Студентот се враќа дома на викенд.
Го отвора фрижидерот и гледа внатре еден огромен постер на гола девојка од Плејбој.
Зачуден ја прашува мајка му – какво чудо е тоа?
– Па синко, јас го залепив намерно… кога станувам и го отворам фрижидерот и кога го гледам, сфаќам дека сакам да имам ваква фигура и го затворам без да земам јадење…
– И? Има ли фајде?
– Паа… И има и нема… Јас ослабев 5 килограми, но татко ми се поправи 10!
– – – – – – –
Семејство. Мажот решава крстозбор. Жената е во кујната.
Тој прашува:
– Првиот маж со четири букви?
– Диме.
– – – – – – –
Една жена започнува кавга со нејзиниот сопруг:
– Ти дали сфаќаш колку долго не сме воделе љубов?
– Еве, пак се фаќаш за теми од пред три години!
– – – – – – –
Ако една жена има големи гради, а друга има мали, мажот ќе ја избере таа… која ќе му даде.
– – – – – – –
Веќе втор месец како одам на бодибилдинг и жена ми веќе се чувствува супер безбедна со мене. Ако не нападнат некои хулигани, можам на брзина да направам 30 стомачни!
– – – – – – –
Некои луѓе пијат од тага, други – од радост, од трети – од сабајле!
– – – – – – –
Сексот е како фудбалски натпревар – поен на гости е многу повреден од три поени дома.
– – – – – – –
Турбо фолк пејачка оди на преглед на гинекологот. Лекарот ја погледнува и почна да пишува рецепт.
– Но докторе, уште не сте ме виделе! Да се соблечам ли?!
– Нема потреба, го гледав твојот последен спот!
– – – – – – –
Во музеј:
– Ова е Минерва, – вели водичот.
– А оној зад неа, дали тоа е нејзиниот сопруг?
– Не… Таа немала маж. Таа била Божица на мудроста.
– – – – – – –
– Учителе Вонг, зошто сите ние Кинезите сме исти?
– Јас не сум учителот Вонг.
– – – – – – –
– Миме, колку се два плус два?
– Пет, мамо!
– Браво ќерко! Добро е што барем си убава!