– – – – – – –
Доцна вечерта на Свети Валентин во аптеката:
– Добра вечер…
– Презервативите завршија!!!
– – – – – – –
Свети Валентин – демо-верзија на 8-ми март.
– – – – – – –
– Зошто мажите не го сакаат Св.Валентин?
– Затоа што е точно на средината на месецот, најдалеку од платата.
– – – – – – –
Оглас во весник: Специјална понуда после празникот Свети Валентин – 50% попуст за лечење на сексуално преносливи болести.
– – – – – – –
Не постои ниту Свети Валентин ниту Свети Трифун, сите го празнуваат Денот на Вљубените, само што некои се вљубени во чашката…
– – – – – – –
– Имате ли картички за Свети Валентин со натпис „за мојата љубена“?
– Има.
– Дајте ми 16.
– – – – – – –
Прашуваат еден маж:
– Што и купи на твојата за Свети Валентин?
– Ништо. Јас на мојата и купувам за Хелоуин.
– – – – – – –
Покажи ја љубовта на Свети Валентин, а на 8-ми март од тебе се очаква материјална потврда.
– – – – – – –
Ако си тажен, затоа што си сам на Свети Валентин, едноставно не заборавај дека никој не те сака и секој друг ден од годината.
– – – – – – –
Маж и жена за валантајн одат на ручек во кафана. Во кафаната има и жива музика и пејачка. Жената извикува:
– Ја молам пејачката да не ги клати цицките пред маж ми… парите се во мене.
– – – – – – –
Полошо од тоа да останеш сам на Свети Валентин е само тоа да останеш трезен на Свети Трифун!
– – – – – – –
Мила моја, ти го честитам Свети Валентин – денот на сите вљубени. Немам зборови со кои можам да кажам колку те сакам и обожавам. Само ти, и засекогаш ќе бидеш во моето срце.
Те сакам и те бакнувам!
(Ова е автоматска порака, нема потреба да одговарате на неа).
– – – – – – –
Аман веќе од прашањето:
– Ти Св. Валентин ли ќе го празнуваш или Св. Трифун?
Толку ли се срамат да прашаат директно:
– Ти ќе е*еш или ќе пиеш?
– – – – – – –
Свети Валентин:
Вечера 1000 денари. Театар 300 денари. Цвеќиња: 200 денари. Подарок 1500 денари. Хотелска соба: 3000 денари.
Проститутка: 500 денари.
Ти одлучуваш.
– – – – – – –
Разговараат две пријателки:
– Што ќе правиш за Св. Валентин?
– Кој ден се паѓа?
– Недела!
– Паа… мусака најверојатно…
– – – – – – –
Гледам на Фејсбук за Св. Валентин едни мислат да прават мусака, други ориз, а трети да пржат јајца…
Јас планирам да ја правам онаа работа! Ќе те чекам до 20:30. Ако не дојдеш – почнувам сам!
– – – – – – –
Разговараат две плавуши:
– Решив што ќе му земам на мојот за Св. Валентин.
– Што?
– Мерцедесот.