– Многу си симпатичен кога ќе пивнеш.
– И ти си многу симпатична кога ќе пивнам.
– – – – – – –
Се враќам денес порано од работа, влегувам дома и што да видам, оној мојот ѝ прави стриптиз на компивката… Ама едни сланини, едни кожи, стомакот му свиснал… Едно незгодно што ми падна од жената…
– – – – – – –
– Милорде, внатре ли сте?
– Да, милејди.
– Тогаш „Оф“…
– – – – – – –
Хомосексуалец влегува во продавница и му вели на продавачот:
– Дајте ми едно парче посебна.
– Да ви ја исецкам или ја сакате цела?
– Да ја исецкаш?! А бе, мојот задник на касичка ли ти личи?
– – – – – – –
– Вчера, брат, влегов во компјутерот на супер напредна лабораторија на факултетот за информатика.
– Не зафркавај! И што прават таму?
– Како што… исто како нас – гледаат видеа на Мотика!
– – – – – – –
– Како се викаш?
– Лана.
– Како, како?
– Лана… Полесно ќе го запаметиш ако го прочиташ од позади…
– – – – – – –
Разговараат меѓу маж и жена:
– Жено, имам проблем!
– Не вели „имам“, туку „имаме“, па нели сме во брак!
– Добро тогаш… Жено, комшивката е трудна од нас!
– – – – – – –
Црвенкапа ја гледа изненадена баба си и ја прашува:
– Бабо, бабо, зошто ти се толку големи очите?
– Зошто, зошто… – промрморува бабата. – Ноќеска дедо ти испи цело шишенце виагра…
– – – – – – –
– Како си пријателке, зошто си толку намуртена?
– Во последно време сексот никако не ми оди…
– Е како така, па имаш и љубовник и маж.
– Е па во тоа е проблемот… Секој почна да смета на другиот.
– – – – – – –
– Здраво комшија. Долго време ги набљудував твоите деца и сакам да ти понудам нешто. Јас сум телевизиски продуцент и сакам да ги снимам твоите деца за една реклама. Подготвен сум да платам добар хонорар.
– А за што е рекламата?
– За контрацептивни средства…
– – – – – – –
– Кој е најбрзиот човек во светот?
– Мигрант со телевизор.
– А кој е уште побрз?
– Неговиот брат со дивидито.
– – – – – – –
На чет:
– Ако продолжиш да ми пишуваш глупости и да ми досадуваш, ќе бидеш како Скопје во зима!
– Каков?!
– Блокиран!!!