Неодамна влегов во брачните води и жената се нервира зошто секој ден ја терам да ги крева нозете. Извинете госпоѓо, ама станот мора да се мете.

– – – – – – –

Ја прашува мажот жената:
– Со кој зборуваше 2 саати пред врата?
– Со комшивката, немаше време да влезе.

– – – – – – –

Отворам фрижидер – што ли нема во него? И сирење нема, и млеко нема, и кашкавал нема, и месо нема…
Го вртам глобусот – каде ли сѐ не сум бил? И во Италија не сум бил, и во Франција не сум бил, и во Шпанија не сум бил…

– – – – – – –

Од сите луѓе кои виделе летечки чинии, 90% биле во брак!

– – – – – – –

– Мими, кога последен пат јас и ти се „плеснавме“?
– Кој се јавува?

– – – – – – –

– Четири литри пиво на точење, молам!
– А носите ли си сад, в кој да ви го натоачм?
– Со садот разговарате!

– – – – – – –

Во животот на секоја жена настапува момент во кој треба да одлучи дали да биде со големата љубов, или да биде среќна…

– – – – – – –

Плавуша предизвикува пожар во куќа и ѕвони на противпожарната служба.
Од таму и одговараат:
– Смирете се госпоѓо, земете длабоко здив и кажете ни како да дојдеме до вас!
– Е како, како… па со онаа големата црвена кола, како!?

– – – – – – –

– Докторе, по операцијата ќе можам ли да имам секс?
– Да, ќе можеш… анален!
– Докторе, ама жена ми не сака многу анален секс!?
– Кој зборува за жена ти?

– – – – – – –

– Комшија, да знаеш дека кога не си дома, кај вас пред вратата има редица мажи што чекаат да влезат.
– Хм, што сакаш да ми кажеш? Да се ​​разведам па потоа и јас да чекам во редот?

– – – – – – –

– Јас сум кандидат за огласот за специјалист за информациска безбедност.
– Вашата биографија?
– На десктопот ви е.

– – – – – – –

Ако ви е страв да не му се предадете на искушението и сеуште не сте одлучиле цврсто дека тоа е добра идеја, не си ги бричете нозете! Небричените нозе спасиле милиони жени од непромислени постапки.

– – – – – – –

Чудно нешто е животот…
– Те „работи“ јако, а задоволство не добиваш…

– – – – – – –

Книговодителот му вели на инспекторот од УЈП:
– Сега што, ќе ни казнувате ли?
– Ајде да се кладиме на 200 евра дека нема!

– – – – – – –

– Одбери мене или Покемон.
– Ајде Пикачу не сме пожелни тука!

– – – – – – –

Замолив една пријателка да си пишуваме хартиени писма, како едно време, по пошта, романтика итн… Таа долго молчеше и конечно праша:
– Ти во затвор ли си?

– – – – – – –

– Абе ти навистина ли си помисли дека ќе ме легнеш само со еден чоколадо???
– Ама маченце, со лешници а.
– Ааааааа… ок!
———–

Сподели на Facebook
пати видено