– Душо, зошто мажите толку ретко им подаруваат цвеќе на жените?
– А ти кога последен пат ми подари пиво?

– – – – – – –

– Што се измешани чувства?
– Кога жена ти ќе ти каже „Спиев со сите твои најдобри пријатели, но твојот е најголем!“

– – – – – – –

Во алкохолот има женски хормони… Кога ќе пивнам почнувам да зборувам глупости и не можам да возам.

– – – – – – –

Да „легнеш“ ку*ва е исто како да постигнеш гол на тренинг – нема смисла да се радуваш!

– – – – – – –

– Што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш?
– Странски државјанин.

– – – – – – –

Ако сте ѝ го дале на жената срцето и раката, што е поентата да се нервирате за некаков паричник!

– – – – – – –

Не плачи! Ти не си дебела… Само твоите родители посебно и грижливо те пораснале така, за да те заштитат од стриптиз и проституција.

– – – – – – –

Стариот мечок го поучува мечето:
– И запомни, синко! Црвено вино се пие кога јадеш ловец. Кога јадеш рибар, се пие бело.

– – – – – – –

– Душо, треба да ти признам нешто. Имам љубовница.
– Знам, драги.
– Таа ли ти кажа?
– Не, туку љубовникот, за кого сакам да ти кажам …

– – – – – – –

Мразам кога ќе се поправам 20 кг. за улога и потоа ќе се сетам дека не сум актер…

– – – – – – –

Убавината бара жртви. Жена ми се прави убава, а јас сум жртвата …

– – – – – – –

Жена ми ме обвини дека сум се срамел да ме гледаат заедно со неа.
„Глупости“ – ѝ одговорив со SMS од спротивниот тротоар…

– – – – – – –

Ако спиете на улица – 3000 денари казна, а ако спиете на масата во Парламентот – највисока плата.

– – – – – – –

Таа сфати дека е стара, кога во една темна ноќ само ја ограбија.

– – – – – – –

– Душо, убава ли сум вака?
– Пааа… 15-20 лајка…

– – – – – – –

Стресот го скратува животот за 10 години, алкохолот исто, нездравата исхрана за уште 10, цигарите барем за уште 10… Според моите пресметки, сум умрел некаде во 1854-та.

Сподели на Facebook
пати видено