Хју Хефнер пристигнува кај Св. Петар.
– Дали сте вршеле прељуба, синко?
– Седи да ти раскажувам…
– – – – – – –
Како очекувате децата да се послушни, кога Тарзан живее полугол, Пепелашка се враќа дома на полноќ, Пинокио лаже цело време, Аладин е крал на крадците, Бетмен вози со 260 км/час, Заспаната убавица е мрзлива, а Снежана живее со 7 момци…
– – – – – – –
Стан. Жената, празнично облечена ја мести масата. Мажот шета низ собата по гаќи.
– Барем панталоните да си облечеше! Гостите само што не дошле!
– Е ако де, нека видат колку ми слаби нозе, зошто не ме храниш…
– Тогај соблечи си ги и гаќите. Нека видат дали има зошто да те хранам!
– – – – – – –
– Ало…
– Ало…
– Еј, сакаш ли да пробаме нешто поинакво во креветот вечерва?
– Сакам… А, кој се јавува?
– – – – – – –
– Жена ми по цел ден се шета дома како од мајка родена.
– Сосема гола?
– Не, со врескање.
– – – – – – –
Жена си купила метла со рачка од пазар и си оди дома со автобус. Си седи така во автобусот со метлата, а еден симпатичен дечко седи спорти неа, ја гледа, ѝ се смешка, ѝ намигнува и ја прашува:
– Не пали а?
– – – – – – –
– Докторе, што ми е мене?
– Многу пиете, под итно намалете со пиењето!
– А можеш ли да ми го кажеш на латински за жената?
– – – – – – –
Разговараат двајца другари:
– Цела ноќ не спиев брат!
– Причина!?
– И причината не спиеше…
– – – – – – –
– Колку долго не си имал с*кс?
– Кој ден сме денес?
– Сабота!
– Од јуни!
– – – – – – –
Мамо, мамо, како дојдов до овој свет?
– Па сине, излезе еден нов iPhone…
– – – – – – –
Анкета на улица:
– Кажете ми што мислите за луѓето, кои склучуваат бракови од интерес?!
– Ужас…
– Добро, ајде да го прашаме и дедо ти што мисли за браковите од интерес?
– Не ми е дедо, маж ми е.
– – – – – – –
Мојата сопруга сакаше да чуваме куче, а јас не се согласував. Затоа направивме компромис. И зедовме куче.
– – – – – – –
Вратата на канцеларијата се отвора многу нервозно:
– Добро, колеги, да му се невиди, кој последен беше во тоалет!?
– Јас!
– А, Вие ли, шефе?! Колку убаво мириса само!
– – – – – – –
– Брат, многу си глуп… Што си седнал на цистерната со бензин?
– Пушам, а сакам да ги откажам…
– – – – – – –
На малиот Симе му подарија тапан за роденден. По 10 дневно мислење, најпаметниот комшија му шепнал на уво на детето:
– А да знаеш што има внатре…
– – – – – – –
Кога мажите гледаат жена од позади си мислат:
„Леле, каков задник.“
И жените го мислат истото, само што го гледаат мажот во очите…
– – – – – – –
Во продавница за домашни миленичиња:
– Извинете, колку чини скокачката желка?
– Скокачка желка? Лелеее!!! Сум заборавил да го исклучам греачот на песокот!
– – – – – – –
– Шефе, денес е петок, може ли да си одам неколку минути порано?
– Колку минути?
– Па… 480…
– – – – – – –
Ливче на вратата на градинката:
„Драги родители,
Не им верувајте на вашите деца на сѐ што ви кажуваат за нашата градинка!
За возврат, ние нема да им веруваме на сѐ што ни кажуваат за вас!“