– Ќерко… мамичка… ај те молам ако си се фотографирала веќе, излези од бањата, татко ти ќе се помоча…
– – – – – – –
– Мамо, сакам да се омажам за Иван! Тој ме сака!!! Освен тоа не пие, не пуши и не се загледува по жени…
– Уф, не знам, не знам, сине!
– – – – – – –
Секогаш ми тргнува со жените. Почнувам вака:
– Г-це, имате ли добар предлог и идеја за тоа како да ми ја потрошите платата?
– – – – – – –
Еврејче го прашува татко си:
– Тато, далеку ли е Америка?
– Пливај, пливај, не прашувај!
– – – – – – –
Мислев дека ако си направам вазектомијата ќе го спречам забременувањето на жена ми, но излезе дека мојата стерилизација влијаела само на бојата на бебето…
– – – – – – –
– Добар ден, би сакала да купам книга…
– Од некој автор, конкретно ли?
– Пааа, не… да ми е во тон со костимот за капење…
– – – – – – –
Жена влегува кај нутриционист. По првичните мерења жената прашува нестрпливо:
– Докторе, според вас со моите килограми, колку треба да сум висока?
– 4 метри…
– – – – – – –
– Сине, не сакам да одам во старечки дом…
– Ахаа… така ли? Е па и јас на времето не сакав да одам во градинка…
– – – – – – –
Mили дами, имајте во предвид дека во кревет сум апсолутна ѕвезда! Ширам раце и нозе…… и спијам!
– – – – – – –
– Ти недостасува ли работата?
– Ми недостасуваат парите.
– – – – – – –
Во животот е како во боксот: не е важно колку силно удираш, туку колку можеш да ги издржиш ударите.