– Душо, денес за малку ќе ти купев дијамантски прстен!
– О, колку си романтичен!
– Си ги преброив парите… и ти купив кифла со мармалад…

– – – – – –

– Драги, ајде да се венчаме?!
– Ајде! Прво ти…

– – – – – –

– Тато, колку години треба да станам за да можам да се враќам дома навечер во било кое време?
– Не знам сине, јас уште не можам…

– – – – – –

Си пијаат винце маж и жена. Мажот оди до WC и на враќање ја слуша жената како вели:
– Многу те сакам.
– Ти или виното зборува?
– Јас, му зборував на виното – одговара жената.

– – – – – –

– Драги, ајде да се венчаме?!
– Ајде! Прво ти…

– – – – – –

Проститутка споделува со колешката:
– Се враќам сношти дома и гледам на земјата 500 денари. Се наведнувам да ги земам и чувствувам дека веќе ги заработувам…

– – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Имаш ли „Тик так“?
– Се разбира, шест и десет е!

– – – – – –

– Мујо, знаеш ли како се пишува љубов?
– Таа не се пишува Хасо, таа се купува!

– – – – – –

Ако жената се поправила 5 килограми за 1 недела, значи дека новата диета ѝ ја кажала најдобрата другарка.

– – – – – –

Ниту една жена не може да биде толку грда колку што ми треба канадско државјанство…

– – – – – –

– Душо, решив! И нема да ме премислиш. Решив да станам… феминистка! Да бидам независна жена.
– Добро.
– Дај ми 1200 денари за курсот по феминизам.

– – – – – –

– Може ли кенгур да скокне повисоко од Ајфеловата кула?
– Се разбира дека може! Ајфеловата кула воопшто не може да скока…

– – – – – –

Брачна двојка на сафари во Африка.
Таа:
– Душо, што ќе направиш ако огромна горила ме одвлече?
Тој:
– Не зборувај глупости душо, толку глуп мајмун нема…

– – – – – –

– Тато тоа Ливерпул да не е некаква серија.
– Не сине, зошто прашуваш?
– Па вие навивачите постојано ја чекате следната сезона.
——————————————-

Сподели на Facebook
пати видено