– Може ли едно прашање?
– Какво?
– Ме сакаш ли?
– Не може.- – – – – – –

45 проценти од жените мислат дека задникот им е дебел. 45 проценти од жените мислат дека задникот им е слаб. Само 10 проценти си го сакаат и не жалат што се омажиле за него.

– – – – – – –

Таткото:
– Кој е главен во куќата? Кој е глава на семејството?
Децата:
– Тиииии, татооооо, ти си главен во куќата!!!
Таткото:
– Потивко да не слушне мајка ви!

– – – – – – –

– Значи, кога сакаш – можеш! – Го пофали жената мажот, кога го Фати со комшивката.

– – – – – – –

По долги истражувања и пресметки, бугарските инженери измислиле велосипед со квадратни тркала. По практичните тестови и испитувања сепак се покажало дека тој е многу непредвидлив! Тогаш инженерите пак се запнале и измислиле нов велосипед – со триаголни тркала. За да е непредвидлив еднаш помалку…

– – – – – – –

Најуспешна фраза за фаќање плавуши:
– Извинете, ова марамче ви мириса ли на хлороформ?

– – – – – – –

Жена ми си направи маска за лице и излезе од спалната соба. Кучето веќе трет ден не лае…

– – – – – – –

– Секогаш кога сакав да ти заѕвонам да те слушнам како си, ме запираше оној глас!
Таа:
– Кој глас?
– „Немате доволно кредит за следниот повик!“

– – – – – – –

– Спартанцииии!!! Вечерва ќе јадеме во пеколоооот…
– Не им врескај така на децата, ако не ти се доаѓа брокулата, купи си сендич…

– – – – – – –

– Другар, планирам да се женам, објасни ми го „семејниот живот“.
– Јас на работа. Жената на работа. Навечер јадеме.

– – – – – – –

Осмото чудо на светот било дека пе*ерите не можат да се размножуваат, но стануваат се повеќе и повеќе.

– – – – – – –

И испратив на мама слика од мојата идна невеста… Ми вети дека ќе ми купи автомобил, ако ја вратам таму од каде сум ја нашол…

– – – – – – –

Бабата на моја пријателка им една изрека:
– Ако во една чанта не можат да се соберат три шишиња вино, тогаш ова е паричник, а не чанта!

– – – – – – –

Тестот за бременост го потврди мојот најголем страв – едноставно сум дебела.

– – – – – – –

– Синко, денес во твојата соба најдов кондом.
– Добро, дедо.
– Зошто пак „дедо“?
– Затоа што јас вчера не го најдов.

– – – – – – –

– Госпоѓо, со овој автобус ќе стигнам ли до женскиот пазар?
– Не!
Тој што прашуваше слегува на следната постојка, а жената седнува на неговото место и си вели:
– Ти нема да стигнеш, ама јас ќе стигнам…

– – – – – – –

Жените се како Кинезите, никој не ги разбира, но доминираат со светот.

– – – – – – –

Жалам што ја запишав ќерка ми да тренира бокс. Од 10 молби да си ја среди собата – 7 завршија со нокаут, а во 3 ме тепаше на поени…

– – – – – – –

– Ало, Перо, жена ми забременила!
– Што ми ѕвониш мене, јас тој ден дури не бев ни во градот…

– – – – – – –

– Како е… твојата сакана?
– Маслото треба да ѝ го сменам… Или ти за Митра прашуваш?

– – – – – – –

Патуваат маж и жена сами во купе. По некое време мажот ја става раката меѓу нозете на жената. Таа го погледуваат налутено:
– Што правите?!!!
– Па да си ја згреам малку раката, многу ми е ладно…
– Што не си загреш ушите???

– – – – – – –

– Каде беше?
– Во салон за убавина.
– Пак ли беше затворено?

Сподели на Facebook
пати видено