– Во пеколот.
– ОК, кога ќе излезеш од работа, јави ми се!
– – – – – – –
Чак Норис може да те закачи да висиш цел ден на безжичен интернет со главата надолу од 10-ти кат на трикатна куќа!
– – – – – – –
– Брат, имам 2 лоши вести…
– Кажи ги брзо.
– Девојка ти не изневерува.
– – – – – – –
Тештата ја удри автобус пред куќата…
„А можеше да бидам јас!“ – Си помислив…
Но пак се подзамислив… „Не знам да возам автобус, у ПМ!“
– – – – – – –
Сношти запознав една девојка. И велам:
– Зошто ти се толку криви нозете?
А таа ми одговара:
– За да не ти црвенеат ушите…
– – – – – – –
Ние мажите многу брзо донесуваме одлуки. Еве на пример, ако треба да бираме меѓу жена со големи гради и жена со мали, ние моментално ја избираме онаа која ќе ни „даде“.
– – – – – – –
– Тато, вистина ли е дека сум посвоен?
– А ти што мислиш сине? Тебе ли би те одбрале?
– – – – – – –
– Ќе изгорам 112 политичари и едно кученце.
– А кученцето, зошто?
– Виде ли дека на никој не му е грижа за политичарите?
– – – – – – –
Полицаец започнува да работи на нова позиција и неговиот шеф го запознава со техниката:
– Дали сте виделе детектор за лаги досега?
– Да, оженет сум за таков…
– – – – – – –
– Од што те боли главата?
– Се каравме вчера со жената.
– Па тоа е тогаш мигрена.
– Јас сепак мислам дека е од пепељарата.
– – – – – – –
Две плавуши влегуваат во бар, нарачуваат по едно виски и почнуваат да викаат: „Две години, две години“. Второ виски и пак – „Две години, две години“. Трето виски и пак викаат. Шанкерот не издржал и ги прашал:
– Девојки, вие изгледа имате некаков повод или годишнина нешто. Какви се тие две години?“
Едната рекла:
– Ааа, не. Си купивме сложувалка на која пишуваше од 3 до 5 години. А ние успеавме да ја наместиме за 2 години!!!
– – – – – – –
Во македонските болници има само два вида на дијагнози:
1. Ништо не ви е.
2. Што сте чекале до сега!
– – – – – – –
– Ќе се видиме ли пак?
– Да, ама другиот пат земи си ги и градите, со кои се сликаш за на Инстаграм.
– – – – – – –
– Господине, Вие тврдите дека не сте ја пријавиле украдената кредитна картичка, бидејќи крадецот трошел многу помалку од жена ви?
– Токму така, почитуван господин судија!
– А сега, зошто сте го тужеле човеков за кражба?
– Имам чувство дека картичката е веќе во рацете на неговата жена!
– – – – – – –
Откако сите ќе станеме вегани ќе имаме проблеми со свињите бездомници.
– – – – – – –
Плавушата му вели на својот маж:
– Миличко, сум бендисала едни чевли, само 300 евра се. Во трговскиот центар се.
Тој:
– Ме боли к****.
Таа:
– Е, добро де, дај да го бакнам, да ти помине, па да одиме да ги видиме.
– – – – – – –
– Началниче, најдовме 30 кг дрога, што да ја правиме?
– 20 кг ли?
– Да, 15 кг.
– – – – – – –
Двајца пријатели разговараат:
– Разбра ли дека на нашиот пријател Мите му се случила голема несреќа?
– Каква голема несреќа?
– Избегал во странство заедно со жена ми…
– – – – – – –
Вчера решив конечно да го избањам кучето. Жена ми била во право – не е далматинец.