– Здраво, се јавуваме од УБК.
– Знам.
– Од каде знаете?
– Од мобилниот оператор ми го исклучија телефонот поради неплатени сметки.
– – – – – –
Мажот не ја разбира жената во два периоди од животот – пред свадбата и по свадбата.
– – – – – –
Најдобрата диета – љубовта, најдобар фитнес – сексот. Ако сеуште не симнувате тежина, заменете тренерот и нутриционистот!
– – – – – –
Што рекол Адам, кога ја добил прва ерекција?
– Ево, пази се, не знам ова колку ќе расте…
– – – – – –
Маж и жена се караат:
– Жено, ти си како последен пар чевли на излогот!
– Мажу, знам дека ме навредуваш, ама не можам да сфатам како точно?
– Сто луѓе пред мене ги пробале, а јас будала сум ги купил!
– – – – – –
– Драги кој ѕвонеше?
– Грешка, изгледа некој од УХМР го згрешил бројот. Праша: „Сонце, хоризонтот чист ли е?“
– – – – – –
Како се вика жена која секогаш знае каде е нејзиниот маж?
– Вдовица…
– – – – – –
– Легнувај да спиеш животно едно! – Се чу од кујната гласот на мајката.
Синот брзо го затвори прелистувачот, на кој беа отворени пет порно сајтови, таткото го избриша мејлот до неговата љубовница, на ќерката и падна селфи стапот во кадата, а само мачката продолжи спокојно да се лиже!
– – – – – –
Мајката на Зоки и се фали на своја пријателка:
– Син ми веќе учи англиски и алгебра. Зоки, ајде кажи и на тетката „здраво“ на алгебра.
– – – – – –
Едно еврејче прашува друго:
– Што ти продадоа твоите за Нова Година?
– – – – – –
Постојат два вида на адвокати: оние кои го познаваат законот и оние кои познаваат судијата.
– – – – – –
– Зоки, зошто во диктатот имаш толку празни места?
– Простор за реклами, госпоѓо.
– – – – – –
– Што е потребно за еден семеен скандал?
– Ништо и жена.
– – – – – –
– Драги до колку години живеат свињи?
– Што ма, да не ти е лошо?
– – – – – –
– Душо, што најмногу ти се допаѓа кај мене – моето секси тело или моето убаво лице?
– Твоето чувство за хумор!