Девојката налутено му вели на дечкото:
– И која е оваа овца на сликата до тебе?!
– Сестра ми.
– Еј, колку е слатка…
– – – – – – –
6 Јануари…
– Другар, се сеќаваш на нешто од вчера?
– Се сеќавам кога го запаливме огнот!
– – – – – – –
Сосeткaтa:
– Откако сопругот почна да ги плаќа моите посети кај маникирот, почна да плаче заедно со мене кога ќе си скршам нокт.
– – – – – – –
– Значи, Вие бевте на лов и ја помешавте мајката на сопругата со елен?
– Токму така, господине судија.
– И сето тоа се случи во центарот на градот?
– Токму така…
– – – – – – –
– Докторе, ќерка ми е веќе 14 години. Да зборувам ли со неа за се*с?
– Да, да, можеш многу да научиш…
– – – – – – –
Сакате да му подарите на својот маж незаборавен се*с, но не знаете како? Побарајте помош од вашите пријателки…
– – – – – – –
Вегетаријанец ѝ подарува роза на симпатијата, исто така вегетаријанка.
– Само со ручек нема да поминеш, да си знаеш…
– – – – – – –
Излегов од кадата, и си ставив – крем за раце, крем за лице, лосион за тело, пена за коса … Прашањето на син ми ме уби:
– Ти, зошто воопшто се капеше?
– – – – – – –
– Во која област работи баба ти?
– Медицина.
– Лекар?
– Пијавица.
– – – – – – –
Тукушто назначено попче разбрало дека на крајот на селото живеела 30 годишна вдовица. Во една темна ноќ отишло попчето и тропнало на вратата.
Од внатре се слушнал гласот на вдовицата:
– Ти ли си ангелу мој?
– Не, ама од истата фирма сум!
– – – – – – –
Наутро помеѓу двајца пијаници:
– Како ти помина Нова Година?
– Како така помина?!
– – – – – – –
– Што се испилува ако кокошката слуша српска музика додека ги квача јајцата?
– Пиле Китич.
– – – – – – –
Во аптека:
– Извинете, имате ли нешто против кашлање?
– Не, не, кашлајте си слободно!
– – – – – – –
Жената:
– Душо, децата наскоро ќе наполнат 15 и како што ме посоветува, разговарав со нив за љубовта и сексот…
– И, како помина?
– Многу сакам да пробам нешто за што ми раскажаа!
– – – – – – –
Жена, разнежнета, му вели на мажот:
– Ех, драги, во текот на целиот свој живот сум имала само двајца вистински мажи…
– Хм, а кој е вториот???
– Абе, ти и првиот не го познаваш!