Е бабо, да ти ја имам пензијата.
– – – – – – –
Синот го прашува татко си:
– Татo, зошто ти е помодрено окото?
– Јас твоите и двете ќе ги помодрам ако девојка ти пак си заборави гаќите во мојот автомобил…
– – – – – – –
Таа:
– Драги не мислиш дека глодарите се глупи и грди животни?
Тој:
– Да, верверичке моја.
– – – – – – –
На интервју за работа во УЈП:
– Дали ги мразите сите луѓе?
– Да!
– Вработен сте…
– – – – – – –
Вечер. Спална соба. Злобен машки глас:
– Оваа недела само веѓите не те болеле.
– – – – – – –
Се враќа мажот дома, видно загрижен. Жена му го прашува:
– Што се случува, имаш ли некој проблем?!
– Многу е комплициран!!!
– Кажи ми, заборави ли дека ние сме една целина – во добро и во зло, ќе се справиме заедно!
– Па добро тогаш, ќе ти кажам… нашата љубовница е бремена…
– – – – – – –
Влегува пациент кај докторот:
– Докторе, јас се лекував пет години од алкохолизам и конечно целосно се излечив.
– Ви честитам. Што ве доведе кај мене?
– Да ме прегледате да видите кога можам пак да почнам да пијам?
– – – – – – –
– Сакаш вечерва да пиеме по 1-2 пива?
– Брат, многу си неписмен, 12 се пишува без цртичка! Ајде се гледаме вечер!
– – – – – – –
Во дискотека денес:
– Маче, паднав на твојот шарм побрзо од британската фунта!
– – – – – – –
Маж се приближува кон убаво девојче во супермаркет.
– Ја загубив својата жена. Може ли да позборувам со вас?
– Зошто?
– Затоа што секој пат штом ќе прозборам со убава девојка, жена ми веднаш изникнува од нигде, никаде!
– – – – – – –
– Жената наутро треба да биде убава…
– Ха! Ти се молам… Жената наутро треба да биде среќна!
– – – – – – –
Кога ќе видите како некој во дрво ги влежал иницијалите на вљубениот пар, ве фаќа страв и сфаќате колку луѓе одат вооружени на состаноци.
– – – – – – –
Летна ноќ. Клупа. Тој седи на клупата. Таа му седи во скутот.
– Душо, наречен ме со некакво убаво име…
– Ти си мојата кокошка – квачка!
– Што!???
– Па ми седиш на јајцата!
– – – – – – –
– А сега песната на Металика “and nothing else matters”, или “ти повеќе не си ми мајка”. – Рече DJ-от во дискотека.
– – – – – – –
Бабата ѝ вели на внуката:
– Што прави твоето момче? Твојот грејпфрут?
– Оф мори бабо, не е грејпфрут, туку бојфренд!
– – – – – – –
– Спортуваш ли?
– Да. Уметничко тркалање на кауч!
– – – – – – –
Комшијата купи автомобил од Англија, со десен волан. Многу е задоволен, само што по навика ја плука жена си.
– – – – – – –
– Јас мојата, на раце ја носам!
– А мојата не пие!
– – – – – – –
– Комшија, твојата жена многу вика за време на секс.
– Неее!!!
– Тоа не беше прашање…
– – – – – – –
Како да препознаеш дали девојката е дебела само по нејзиниот Фејсбук?
Ако нема албум “Лето”
– – – – – – –
– Не можам да си објаснам зошто толку ме возбудуваат жени со свежо лакирани нокти и нова кожна облека.
– Тоа е елементарно! Мирисаат на нов автомобил.
– – – – – – –
– Обвинит, зошто не сте ѝ помогнале на својата сопруга кога таа се давела?
– А јас од каде да знам дека се дави? Викаше по мене, како и обично.
– – – – – – –
Последниот пат кога бев на нудистичка плажа, дојде полиција и ме исфрли, затоа што сум си мачкал млеко за сончање само на едно место и тоа премногу брзо…
– – – – – – –
– Синко, сакам да те прашам нешто …
– Не, не сум геј, мамо.
– Како знаеше дека тоа ќе те прашувам!?
– Женска интуиција…