Две плавуши разговараат на 1 јануари:
– Вчера беше 2017?
– Да!
– А денес е 2018… Значи утре мора да биде 2019!?
– Мислам дека е така…

– – – – – – –

Плавуша станува од спиење на 1 јануари и наоѓа мала кутија со прстен под елката.
Ја отвора кутијата и чита:
„Ќе се омажиш за мене?“
– Драги! Миличок! – извикува таа. – Стани брзо, Дедо Мраз сака да се омажи за мене!

– – – – – – –

Разговараат две плавуши:
– Имам нов дечко! Ветеринар!
– Еј, во која војна беше?
– Не, маа… од оние што не јадат месо!

– – – – – – –

Плавуша оди кај автомеханичар.
– Нешто не ми е во ред со автомобилот… пали, гасне. Бев кај неколку автомехничари, но тие не знаеја како да го поправат.
– Сега ќе го средиме ние.
Автомеханичарот го крева капакот и гледа белешка.
– Колата е исправна, мојата сопруга не знае да вози. Не плаќам за поправки!

– – – – – – –

Плавуша оди на доктор:
– Докторе, денес го изедов сендвичот со се хартија и салфетка. Ќе умрам ли?!?!
Докторот ја смирува:
– Не грижете се, госпоѓо… сите ќе умреме…
– Сите ќе умрат?!?!? Леле, што направив!

– – – – – – –

Плавуша оди во болница на систематски преглед.
Медицинската сестра ја прашува:
Колку тежите?
– 45 кг.
Сестрата ја качува на вагата, таа покажува 58 кг и сестрата го запишува резултатот.
– Колку сте висока?
– 165 см.
Сестрата ја мери и се испоставува дека висината е 155 см, пак запишува и почнува да ѝ го мери притисокот.
– Вашиот притисок многу се кренал.
– Па, како нема да ми се крене… влегов тука висока и стројна… а ќе излезам ниска и дебела…

– – – – – – –

Две плавуши се качуваат во градски автобус.
Првата го прашува возачот:
– Извинете, можам ли со овој автобус да стигнам до плоштадот?
– Не.
Втората:
– А јас?

– – – – – – –

– И маче, му нудам јас кафе, значи… и го фиксирам, како ме зјапа во циц*ите… и ми станува јасно дека го сака со млеко.

Сподели на Facebook
пати видено