– Вчера ептен се испокаравме со жената…
– И што?
– Сабајлево ми носи кафе во кревет и ми намигнува… Никогаш не сум бил толку исплашен да испијам нешто…
– – – – – – –
– Душо, одам да ја запишам мајка ти на нуркање!
– А што се случи со падобранството?
– Десет скока и ништо…
– – – – – – –
Внукот ѝ вели на својата баба:
– О бабо, многу ти се убави лешниците. Од каде ги купи?
– Внучко, ти знаеш дека јас немам заби. Ми останаа од Милката.
– – – – – – –
На една маса во кафаната седат поп, аптекар и ковач. Од муабет на муабет, чашка по чашка, ковачот вели:
– Дедо попе, ај запеј нешто!
Попот одговара:
– Легнувај и почнувам!
– – – – – – –
Сте слушнале ли за Сомалиецот кој паднал во река полна со крокодили?
Изел 3 пред да го извадат од водата…
– – – – – – –
– Си ѝ кажал ли некогаш на твојата девојка што мислиш за неа?
– Еднаш. Да ти го покажам ли белегот на главата?
– – – – – – –
– Ќе го земате овој лек до крајот на вашиот живот.
– Но докторе, овде пишува: „Да се зема два месеци!“
– Па, тоа ви го велам и јас де.
– – – – – – –
– Дали верувате во живот по смртта?
– Докторе, не ми се допаѓа како го започнувате овој разговор…
– – – – – – –
Еден човек отишол во болница и поради загрижувачките симптоми го ставиле во карантин. После 3 дена, докторот преку вратата му соопштува дека му нашле еден куп страшни заразни болести и дека уште прават испитувања. Докторот го прашал човекот дали има некое прашање, а човекот рекол:
– Сакам да ве прашам само што ќе има за ручек?
Докторот:
– Палачинки.
– А за вечера?
– Палачинки.
– Но докторе, јас сум многу гладен, а веќе 3 дена ми давате само палачинки.
– Жал ми е, но само тоа се собира под вратата.
– – – – – – –
– Како е жена ти бе?
– Страда од алкохолизам.
– Вистина?! Не знаев дека таа пие!
– Не пие таа… Пијам јас, а таа страда.
– – – – – – –
– Здраво драги, јас утре се враќам од службеното патување. Како е мачката?
– Почина…
– Лелееее! Не можеше ли да ми кажеш малку по-одоколу. На пример, мачката се качи на покривот. Потоа да ми кажеш дека се лизна и падна. А мама како е?
– Се качи на покривот.