– Драги, денес мислам да ти направам мусака!
– А прво да зготвиш, па да му измислиме име?
– – – – – –
Татко оди кај синот кој тукушто влегол во пубертет.
– Сине, доаѓам да поразговараме малку за сексот.
– Слушам, што сакаш да знаеш?
– – – – – –
Детството завршува кога фразата „не давам“ има уште едно значење.
– – – – – –
Тоа што ја испушив првата цигара на 35 е убаво. Лошото е шот беше после првиот секс…
– – – – – –
Разбирам зошто во војска се станува во 6 часот наутро. Единственото нешто што сакам да го направам во 6 часот наутро е да убивам луѓе.
– – – – – –
Имав школска што личеше на Nokia 3310. На изглед непривлечна, но на многумина им беше првата.
– – – – – –
Жената го прашува мажот:
– Душо, што ќе правиш ако ти кажат дека крајот светот ќе престане да постои после 10 минути?
Мажот одговара со насмевка на лицето:
– Ќе имаме секс, се разбира!
Жената се насмевнува и вели:
– А што ќе правиш останатите 9 минути?!
– – – – – –
Рецепт на денот: Јајца на студентски начин: Го отвораш фрижидерот, си ги чешаш јајцата, го затвараш фрижидерот.
– – – – – –
Пред аптеката рано наутро стои млад дечко и замислено гледа во излогот. Доаѓа аптекарката на работа и го прашува:
– Презервативи ли ќе ви требаат?
– Веќе е касно. Дајте ми 2 кутии бебешко млеко.
– – – – – –
Седам и се чудам: Дали е можно јас да сум најзгодниот човек на планетата, па животот ме дупи секој ден?
– – – – – –
Македонскиот џентлмен треба да знае што сака неговата дама, за случајно да не ја одведе на местото каде што може да се купи тоа.
– – – – – –
– Спортуваш ли нешто?
– А сексот се брои ли?
– Да.
– Во тој случај – не.